Tehno Store

Заштита на личните податоци

Со потврдување на Вашата нарачка се согласувате СМАРТШОП АТД ДООЕЛ, Скопје да изврши прибирање, чување, обработка и пренос на Вашите лични податоци и тоа: Име и презиме, телефон за контакт, адреса за достава и електронска пошта.​​

Контролорот ќе го врши прибирањето, чувањето, обработката и преносот на личните податоци на законски начин, согласно одредбите и начелата на Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ бр.40/20), заради остварување на следните цели: исполнување на договорна обврска – достава на нарачаниот производ, како и за идни маркетинг цели. Преносот на личните податоци може да се врши на сервери кои исполнуваат високи технички стандарди на безбедност и заштита на електронски системи и кои може да се наоѓаат на територија на Република Северна Македонија, како и во странски земји кои ги исполнуваат соодветните критериуми согласно закон и врз основа на одобрение на Агенцијата за заштита на личните податоци.

Контролорот Ве известува дека имате право да извршите увид во Вашите лични податоци, да побарате нивна измена, како и да побарате Вашите лични податоци да бидат избришани од нашата база на податоци. Овие права може да ги остварите со поднесување на Ваше барање на следните начини: преку електронска пошта на info@tehnostore.mk.

Согласно член 38 од Законот за заштита на личните податоци, Контролорот ќе Ве извести за секое нарушување на безбедноста на Вашите лични податоци кое може да доведе до прекршување на Вашите права како субјект на лични податоци.

 

Вашите лични податоци се чуваат 1(една) година од последната направена нарачка. Во случаи кога производот кој го имате нарачано односно купено, подлежи на гарантен рок подолг од 1(една) година, Вашите податоци се чуваат за целото времетрање на гаранцијата, а заради остварување на Вашите законски права кои произлегуваат од гаранцијата.

Офицерот за заштита на лични податоци Тибор Ефтимов на електроснката пошта tiboreftimov@tehnostore.mk или телефонскиот број 070 958 973.

 

Shopping Cart