Tehno Store

Приватност и cookies

Политиката за приватност дава општи информации за обработката и уредувањето на личните податоци кои СМАРТШОП АТД ги прибира, обработува и користи, а што се доброволно оставени од лицето кога ќе пристапи на веб страната на tehnostore.mk и ќе нарача производи што се нудат на истата. Личните податоци кои се оставени на веб страната не се доставуваат до трети лица без дозвола од лицето кое ги остава, освен кога е согласно Законот за заштита на личните податоци и останатите закони и прописи во РСМ.

Корисниците на веб страната се упатуваат да прочитаат се што е наведено на оваа страна со цел подобро да разберат кои податоци СМАРТШОП АТД ги собира и обработува и за која цел, како и да дознаат кои се нивните права при обработката на личните податоци.

Секој Kлиент и Корисник кој има некакви прашања поврзани со личните податоци може да ги испрати на следната електронска адреса info@tehnostore.mk.

Информации што се прибираат

СМАРТШОП АТД прибира податоци од веб страната преку посетители на истата и од субјекти кои нарачуваат од понудените производи – купувачи.

Личните податоци се обработуваат согласно законсите прописи, во доволна мера и транспарентен начин во однос на субјектот, за конкретни, јасни и легитимни цели, чувани во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка.

Политика на колачиња (Cookies)

Колачиња (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер, мобилен телефон или друг уред од страна на веб страниците кои ги посетувате. Преку нашите колачиња (cookies) ние добиваме и задржуваме информации за Вашата посета на нашата веб-страница, за тоа како сте ги користеле различните делови, со цел да анализираме и разбереме Вашето користење како и за одржување на информациска сигурност на веб-страната. Целта е да се подобри Вашето искуство преку овие мали датотеки што ги испраќаме до Вашиот уред / компјутер. Сookies може да бидат привремени или трајни. Тие не предизвикуваат проблеми за Вашиот уред/ компјутер, напротив истите ни покажуваат што ги интересира корисниците кои ја посетуваат нашата страница за да се подобри со Ваша помош, односно со прифаќањето на cookies.

Обработка на личните податоци

СМАРТШОП АТД ги собира оние лични податоци кои се во рамките на неговите законски овластувања и се во согласност со Законот за заштита на личните податоци и сите други важечки прописи во Република Северна Македонија.

Целта е да се спречи загуба и пред сè кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, нивна објава, промена или уништување.

Обработката на личните податоци е законита и е согласно Законот за заштита на личните податоци, кога субјектот на лични податоци дал согласност за обработка на неговите лични податоци за една или повеќе конкретни цели, односно Купувачот при внесување на своите лични податоци ја дал изјавата за согласнот за користење на неговите лични податоци при извршување на нарачката.

Податоците што ги користи СМАРТШОП АТД се со цел:

работење, одржување и одобрување на нашата веб страна; понуда на реклами базирани на Вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас, нашите бизнис соработници; да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување; да Ви одговориме на Вашите барања и прашања, анализа и спроведување на истражувања, да комуницираме и да Ве информираме за дополнителни работи и новитети, да Ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително и во име на нашите бизнис соработници, да администрираме анкети, наградни игри, или други промотивни активности или настани организирани од нас или наши бизнис соработници, да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот,  анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите; да Ви овозможиме да аплицирате за работно место, да објавите содржини или да се пријавите за специјални понуди од нашите бизнис соработници или други трети страни преку сајтот или други програми кои ќе ги овозможиме.

Заштита на Вашите податоци

СМАРТШОП АТД ги собира личните податоци што доброволно се оставени од лицето кога ќе пристапи на веб страницата tehnostore.mk и ќе нарача производи што се нудат преку нашата веб страница. Истите не се доставуваат до трети лица без Ваша дозвола, освен во случаи кога тоа е изрично пропишано со закон или кога сме обврзани за исполнување на обврските. За време на посетата на веб страницата на tehnostore.mk, Вашата приватност целосно се почитува.

Оставањето на личните податоци е одлука на Купувачот. Доколку Купувачот не ги обезбеди потребните задолжителни информации потребни за активноста која се бара, истиот нема да биде вклучен во таа активност, бидејќи без тие информации активноста нема да биде изводлива да се оствари.

Безбедност на податоците

Во однос на безбедноста на податоците СМАРТШОП АТД превзема бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. СМАРТШОП АТД изјавува дека конекцијата, пребарувањето и навигацијата на веб страната www.tehnostore.mk е шифрирана и сигурна преку SSL сертификат. Ваквата конекција гарантира дека сите податоци пренесени помеѓу серверот и пребарувачот остануваат приватни.

Вработените во СМАРТШОП АТД се одговорни да се придржуваат кон принципите на заштита на приватноста. Купувачот е должен, доколку има промена во податоците за видот на адресата на живеење и слично, да ја пријави промената ПРЕД испораката на нарачката.

Согласно Законот за заштита на личните податоци Купувачот има право да побара и да добие исправка на неговите неточни лични податоци. Земајќи ги предвид целите на обработката, субјектот на личните податоци има право да ги дополни нецелосните лични податоци, со давање на дополнителна изјава.

Во спротивно, СМАРТШОП АТД не одговара за какви било проблеми поврзани со испораката на производот/услугата или за било кои други погрешни информации на корисничката сметка.

Прифаќање на условите

Со внесување на податоците од страна на Купувачот и правењето на нарачката од нашата веб страна, Купувачот се смета дека ги прочитал, разбрал политиките за приватност, условите како и воедно се согласил со истите.

Односно со користењето на оваа веб страна корисниците ги прифаќаат одредбите од Политиката за приватност на СМАРТШОП АТД.

Shopping Cart