Tehno Store

SONY безичен звучник SRSXB23L

5,490.00 ден

Бренд: SONY
Краток опис: Звук со EXTRA BASS™, Компактен, лесен и пренослив, X-Balanced Speaker Unit за јасен и моќен звук, Отпорност на вода, прав (ознака IP67) и удари

Вид на звучникот Целосен опсег
Режими на звук Clear Audio+, DSEE, EXTRA BASS TM, РЕЖИМ НА ИЗДРЖЛИВОСТ
Димензии (Ш x В x Д) Прибл. 76 мм диј. x 218 мм (В)
Тежина Прибл. 580 гр.
Функција за ракување без користење на рацете Да
Систем на комуникација Верзија 5.0
Компатибилни профили A2DP/AVRCP/HSP/HFP/SPP
поддржани кодеци SBC, AAC, LDAC
Фреквентен опсег на пренос 20 Hz – 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Фреквентен опсег 2,4GHz фреквентен појас
Влезни и излезни приклучоци USB-Type-C TM
КОМПАТИБИЛНИ АПЛИКАЦИИ ЗА ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ Sony | Music Center
Траење на батеријата Прибл. 12 часа
Напојување Внатрешна батерија на полнење
USB-приклучок за полнење паметни телефони Не
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност) Прибл. 0,3 W

Уживајте во длабок и моќен звук секаде каде што ќе посакате со вашиот звучник со EXTRA BASS™. Двата пасивни радијатори и звучниците со целосен опсег ги подобруваат ниските тонови за да го засилат басот.
SRS-XB23 е компактен и лесен и совршено одговара да се стави во држачот за чаша на вашето столче за кампување – одлично за користење кога сте на фестивали под отворено небо. Практичниот ремен ќе ви овозможи да го закачите звучникот на вашиот шатор или на најблиското дрво – секаде каде што ќе посакате да ги споделите вашите омилени мелодии.
X-Balanced Speaker Unit, создаден од Sony, нуди висококвалитетен звук и моќен звучен притисок за да добиете побогато, подлабоко и подобро доживување при слушањето.
За разлика од кружната мембрана кај стандардните звучници, новосоздадениот X-Balanced Speaker Unit кај XB23 има правоаголна мембрана. Освен тоа што максимално ја искористува површината на мембраната на звучникот за да го зголеми звучниот притисок и да создаде посилен бас, правоаголниот облик на уредот го намалува и движењето на мембраната без да го намали звучниот притисок што резултира со помало изобличување. Освен тоа, децентрализираниот дизајн на уредот и оптимизираната рамнотежа на тежината ја зголемуваат острината на звукот и го прошируваат звучното поле.
Цврстиот и лесен конус на звучникот што е изработен од влакна засилени со мика (MRC), како и капачето за заштита од прав, го зголемуваат квалитетот на звукот.
Распоредот на страничните пасивни радијатори е оптимизиран за да добиете јасен звук со бас.
Благодарение на ознаката IP67, звучникот може да го носите на плажа, во шума, во пустина или секаде каде што ќе посакате – SRS-XB23 ќе продолжи да репродуцира музика, без разлика колку прав има на површината.
Звучникот има ознака IP67 за отпорност на слатка и солена вода, па затоа не треба да се грижите кога го користите покрај морето или базенот, а може и да го миете.
Темелно го тестиравме SRS-XB23 за удари за да бидеме сигурни дека ќе ги издржи неизбежните потреси, паѓања и гребнатини што се дел од секојдневната употреба. Дури и ако SRS-XB23 ви падне, тој ќе продолжи да работи.
Батеријата што трае до 12 часа му овозможува на SRS-XB23 да ве забавува многу долго. Дури и кога е вклучен режимот EXTRA BASS™, може да се забавувате до 10 часа.
Функцијата за звучник нуди практичен начин за разговарање без да ги користите рацете, независно дали тоа е конференциски повик за работа или разговор со пријателите.
Уживајте во истата песна од повеќе звучници со Party Connect. Поврзете најмногу 100 компатибилни безжични звучници со технологија BLUETOOTH® и музиката ќе се синхронизира за да можат сите да танцуваат по истиот ритам.
Контролирајте ја забавата од подиумот за танцување со апликацијата Sony | Music Center – избирајте омилени листи за репродукција, поставувајте следна песна или менувајте ги режимите за звук.
Без разлика дали ќе го поставите хоризонтално или вертикално, SRS-XB23 нема да се помести, па затоа ќе можете секогаш да му најдете место без разлика каде се забавувате. Кога ќе го ставите во хоризонтална положба, ќе можете да ја промените репродукцијата од моно звук во стерео звук преку апликацијата Sony | Music Center.
Треба само да го поврзете вашиот паметен телефон со XB23 преку Bluetooth® за да можете да ја проследувате сета ваша омилена музика.
Полнете го SRS-XB23 преку USB Type-C®-кабел.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “SONY безичен звучник SRSXB23L”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Може да ви се допаѓа!

Shopping Cart