Начини на плаќање
СмартШоп АТД ДООЕЛ преку својата интернет продавница www.klimi.tehnostore.mk.mk Ви ги овозможува следниве начини на плаќање на одбраниот производ:
- online уплата со платежни картички од било која банка овозможена преку Monri член на Payten картичен систем. Картички кои ги прифаќа системот (MasterCard, Maestro, Visa) (системот е во фаза на имплементација)
- на профактура со вирманско плаќање со уплатница или преку интернет банкарство. Корисникот на дадената е-mail адреса ќе добие про-фактура со сите потребни информации за плаќањето.
- во готово, при достава на производот (со фискална сметка)
- Iute кредит, може да се аплицира директно преку самата вебстрана од саканиот производ. Можност за плаќање на 6 или 12 рати БЕЗ КАМАТА или до 36 месечни рати.
Напомена: При плаќање со Динерс Клуб кредитна картичка сите трошоци ќе бидат поделени на рати, изборот на месечни рати зависи од производот или вкупната сума, а максимално може да е на 12 месечни рати, за корекција или информации обратете се на info@diners.com.mk
По приемот на уплатата, во предвидениот рок ќе Ви бидат испорачани нарачаните производи на наведената адресата за испорака.
* * * Изјава за безбедност на купување со кредитна картичка
Доверливоста на вашите податоци е заштитена и обезбедена со користење на најновата верзија на TLS енкрипција. Веб-страниците за онлајн наплата се обезбедени со користење на протоколот Secure Socket Layer (SSL) со 128-битно енкрипција на податоци. SSL енкрипцијата е процес на енкрипција на податоци за да се спречи неовластен пристап за време на нивниот пренос.
Ова овозможува безбеден пренос на податоци и спречува неовластен пристап до податоци за време на комуникацијата помеѓу корисникот и Monri WebPay Payment Gateway и обратно.
Monri WebPay Payment Gateway и финансиските институции разменуваат податоци користејќи ја нивната виртуелна приватна мрежа (VPN) која е исто така заштитена од неовластен пристап.
Monri Payments е PCI DSS Level 1 сертифициран давател на услуги за плаќање регулиран со правилата на Visa и Mastercard.
Броевите на кредитните картички не ги чува Трговецот и не се достапни за неовластен персонал.
Испорака на производите
Испорака на купените производи од интернет продавницата www.klimi.tehnostore.mk се врши до секое достапно населено место на територија на Република Северна Македонија во рок од 1 – 4 работни дена од денот на уплатата на производот.
СмартШоп АТД ДООЕЛ го задржува правото да го продолжи периодот на испорака не повеќе од 7 дена без да го извести купувачот и повеќе од 7 дена со договор со купувачот.
Испораката се врши до влезот на објектот на наведената адреса за испорака, каде купувачот го превзема производот.
Во неработни денови, државни празници и во недела не се врши испорака.
СмартШоп АТД ДООЕЛ не сноси одговорност доколку има доцнење на испораката, а истото е предизвикано од страна на доставувачот.
За производи чија цена на чинење е над 9.999 денари, СмартШоп АТД ДООЕЛ обезбедува бесплатна достава низ државата, до наведената адреса.
Производите се соодветно спакувани со цел да се избегне нивно оштетување при транспорт.
Секој купувач е должен веднаш при прием на производот да изврши проверка и доколку забележи оштетувања на надворешното пакување веднаш да го пријави истото на лицето што ја доставува пратката, а доколку се забележани оштетувања на производот веднаш, најдоцна во рок од 24 часа да го пријави истото на info@tehnostore.mk или на телефонските броеви 070 958 973
СмартШоп АТД ДООЕЛ во најкус рок ќе Ве извести за понатомошната постапка со цел да ги заштитиме Вашите права како потрошувач.
